Курсот за Објектно-ориентирано програмирање со C++ ги опфаќа концептите на објектно-ориентирано програмирање илустрирани со програмскиот јазик C++. Особен фокус се става на логичкото алгоритамско размислување и решавање на проблеми кое е неопходен услов за учење на концептите на објкетно-ориентирано програмирање. Се воведуваат и посложени програмски структури: пласт, ред, двојно и единечно поврзани низи и нивно користење. Сите нови концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Реден број | Теми кои се обработуваат | Број на часови |
1 | Програмирање. Програмски јазици. Синтакса и семантика. | 1 |
2 | Вовед во нов тип на променливи. Сложени податочни типови | 1 |
3 | Дефинирање на структури. Дефинирање, користење и компајлирање со сопствени заглавја. Автоматизирање на компајлирањето со помош на алатката make и Makefile. | 3 |
4 | Вовед во C++. Концепти на програмирање во C++. Структури во C++. Простори на имиња | 3 |
5 | Референци и покажувачи во C++. Функции и преоптоварување на функции. | 3 |
6 | Концепти на објектно-ориентирано програмирање. Концепти на класи и објекти. Поими за конструктор и деструктор. | 3 |
7 | Пријателски класи и функции. Функции членови на класа. Преоптоваруање на оператори (функции) членови на класа. | 3 |
8 | Нови податочни структури. Концепти на податочните структури магацини и редови. | 3 |
9 | Концепти за единечно поврзани листи. Концепти на двојно поврзани листи. Двојно поврзани листи во C++. | 4 |
10 | Концепти на наследување. Концепт на полиморфизам. | 3 |
11 | Обопштување на класи. Виртуелни Функции. Апстрактни класи. | 3 |
Вкупно | 30 часа |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во десетте дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот, десеттиот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Пожелно е кандидатот да има искуство со Вовед во програмирање со C или Вовед во програмирање со C++
Цел на обуката: Курсот за Објектно-ориентирано програмирање со C++ ги опфаќа концептите на објектно-ориентирано програмирање илустрирани со програмскиот јазик C++. Особен фокус се става на логичкото алгоритамско размислување и решавање на проблеми кое е неопходен услов за учење на концептите на објкетно-ориентирано програмирање. Се воведуваат и посложени програмски структури: пласт, ред, двојно и единечно поврзани низи и нивно користење. Сите нови концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.