Обуката овозможува запознавање со основите за Докер и Kubernetes технологиите. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
Докер технологија. Инсталација на Докер и потребни библиотеки. Основни компоненти на Докер. Случаи за употреба на Докер технологија. |
3 часа | Ден 1 |
Дефинирање на поимот контејнер во Докер. Разлика помеѓу Докер контејнери и виртуелни машини. Елаборирање на етапниот процес на создавање на Докер контејнер. |
3 часа | Ден 2 |
Преглед на различни DockerFile датотеки за различни апликации. Пишување специфична DockerFile датотека. Градење на Dokerfile датотека. Создавање на Докер слики. Манипулирање со слики во Докер (зачувување, пренесување, приказ, отстранување и верзии). |
3 часа | Ден 3 |
Создавање на независен контејнер преку Dockerfile датотека и Докер слика. Вовед во docker-compose. Создавање на зависни контејнери преку Dockerfile датотеки и Докер слики. Вовед во начините на комуникација помеѓу контејнерите. |
3 часа | Ден 4 |
Типови на мрежи во Докер технологијата. Анализа на видовите на мрежи помеѓу контејнерите. Вовед во волумени во Докер. Додавање на волумени во docker-compose на веќе создадени зависни контејнери и трајно зачувување на податоци во контејнери. |
3 часа | Ден 5 |
Kubernetes технологија, нејзина цел и начин на функционирање. Инсталација на Kubernetes и потребни библиотеки. Основни компоненти на Kubernetes. Примери за кластер структури во Kubernetes. |
3 часа | Ден 6 |
Создавање на кластер структура и јазол менаџер. Додавање на јазли работници во Kubernetes. Можност за автоматизација на процесот на кластерирање. |
3 часа | Ден 7 |
Разгледување на deployment.yaml датотеки во Kubernetes. Компонирање на deployment.yaml датотека. Овозможување на контејнери во Kubernetes преку deployment.yaml. |
3 часа | Ден 8 |
Преглед, пренесување, отстранување на контејнери во Kubernetes кластер. Реплицирање на контејнери во кластер. Додавање на трајно зачувување на податоци на контејнери преку волумени. Интеракција и пренесување на корисникот во околината на контејнерите. |
3 часа | Ден 9 |
Преглед, пренесување и отстранување на контејнери во Kubernetes кластер. Компонирање на RBAC датотека за автентикација. Преглед на процес на auto-heal во Kubernetes. |
3 часа | Ден 10 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 10-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во секој ден се предвидени 3 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Обуката не бара никакво предзнаење во областа на контејнеризација и кластерирање со Докер и Kubernetes технологиите. Меѓутоа, пожелно е основно предзнаење за Линукс оперативниот систем и shell скриптирање.
Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за Докер и Kubernetes технологиите. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе имаат можност да полагаат тест за сертификат од ФЕИТ.