Обуката за основи на работа со Linux организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за оперативниот систем Linux, запознавање со концептите и оспособување за работа во овој оперативен систем. Овој курс е наменет за сите слушатели кои би сакале да се запознаат и оспособат за работа со овој оперативен систем. Курсот е на основно ниво и не се потребни претходни предзнаења. По завршување на курсот, слушателите ќе бидат оспособени за користење и основно адаптирање на Linux базирани оперативни системи во секојдневните работни обврски. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Ден 1 (4 часа)
|
Ден 2 и 3 (8 часа)
4.1 Концепт на дрво на именици и патеки
4.1 Работа со графички менаџер за работа со датотеки
4.2 Запознавање со командна линија
4.3 Работа на командна линија
|
Ден 4 (4 часа)
|
Ден 5 (4 часа)
|
Забелешка: Курсот е предвиден да се оддржи за 20 часа, односно 5 дена по 4 часа.
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена, распоредени во две недели. Во двете недели се предвидени по 4 часа за секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден од обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците треба да изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Основни познавања од информациско-комуникациски технологии се пожелни.
Цел на обуката: Основниот курс за работа со Linux организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за оперативниот систем Linux, запознавање со концептите и оспособување за работа во овој оперативен систем. Овој курс е наменет за сите слушатели кои би сакале да се запознаат и оспособат за работа со овој оперативен систем. Курсот е на основно ниво и не се потребни претходни предзнаења. По завршување на курсот, слушателите ќе бидат оспособени за користење и основно адаптирање на Linux базирани оперативни системи во секојдневните работни обврски. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.