Обуката овозможува запознавање со PHP, HTML, CSS и MySQL како едни од најкористените технологии за развој на веб софтвер денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
1. Вовед во развој на web апликации со PHP
• Архитектура на WEB апликација. • Основни концепти на HTML и CSS • Едитирање и тестирање на PHP апликација • Основни PHP вештини • PHP синтакса • Земање на податоци од HTTP барање |
4 часа | Ден 1 |
2. Работа со променливи и MVC шема (4 часа)
· Пишување основи команди · Работа со променливи. Контролни изкази во PHP.Типови податоци, константи и променливи · Користење на MVC шема за кореирање на PHP апликација. · Користење на функции. · Пренасочување на барањата. |
4 часа | Ден 2 |
3. Веб форми и податоци (4 часа)
· Работа со податоци од прашалници (forms). · Преземање податоци од текст полиња. · Податоци од елементи за избор на опции. · Работа со полиња на елементи. · Прикачување на податоците во WEB страница. |
4 часа | Ден 3 |
4. Обработка на податоци од форма
· Пишување на контролни искази. · Пишување на условен исказ во PHP. · Програмирање на итеративи структури. · Програмирање на структури за избор. · Работа со стрингови и броеви. · Предефинирани функции и опрации во PHP за работа со стрингови и броеви. · Работа со дата и време. · Креирање и користење на полиња. · Коритење на функции при работа со полиња. · Работа со полиња од полиња. |
5 часа | Ден 4 |
5. Вовед во MySql бази на податоци и концепти
· Користење на PHP со MySQL. · Поврзување со MySQLбаза. · Преземање, вметнување, промена и бришење на податоци во база. · Работа со ресурсен сет. · Испишување на податоци на WEB страница. |
5 часа | Ден 5
|
6. Работа со колачиња, сесии и ојбекти
· Работа со колачиња и сесии. · Стартување на сесија. · Постравување и повикување на библиотеки во PHP. · Напредни вештини за работа со функции. · Креирање и работа со објекти. Креирање и користење на класи, константи, својства и методи на класа. · Клонирање и споредба на објекти |
5 часа | Ден 6 |
7. PDO, MySQLi и безбедни веб страници
• Работа со PDO и mysqli. • WEB водени од база. • Работа со големи текстуални колони. • Креирање на сигурни WEB страни. • Користење на сигурни конекции. • Користење на автентикација во PHP. |
5 часа | Ден 7 |
8. Работа со email и датотеки
· Испраќање на е-mail и пристап до други web страници. · Работа со датотеки. · Работа со пакети и функции. |
4 часа | Ден 8 |
9. Имплементација на веб страница
• Практичен пример за имплементација и заокружување на материјалот. • Аспекти на развој и пронаоѓање на грешки во кодот. |
4 часа | Ден 9 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 9 работни дена, распоредени во две недели. Во сите 9 дена се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените десет теми во обуката, како и по 1 до 2 часа практичен дел од тековната тема. Проверката на стекнатото знаење (за добивање на сертификат) ќе се изведе преку тест или практично имплементирање на дел од софтверско решение што не е вклучен во бројот на часови за настава.
Потребни предзнаења: Обуката е на основно ниво и не се потребни никакви предзнаења.
Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со PHP, HTML, CSS и MySQL како едни од најкористените технологии за развој на веб софтвер денес и запознавање со основите на програмирањето и алгоритмите воопшто.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.