Соопштение за документи за сместување во студентски дом

Објавено: август 11, 2020

Сите студенти кои имаат потреба од документација за сместување во студентски дом треба да испратат e-mail до ssluzba@feit.ukim.edu.mk најдоцна до среда, 12.8.2020 год. во 15 часот. Кон пораката треба да се прикачат скенирани уплатници за реализирана уплата од 50,00 денари за административна такса и 100,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака Уверение за положени испити. Комплетната пополнета документација ќе може да се подигне на шалтерот од Одделението за  студентски прашања од 12 до 14 часот, најрано 24 часа по испраќање на пораката, со задолжително почитување на препораките од Министерството за здравство.

 

Деканат на ФЕИТ