На 15.10.2020 година започна Втората есенска математичка школа за учениците од основните и средните училишта во Македонија. Наставата на школата, за која се пријавени повеќе од 200 ученици, оваа година ќе се реализира online, преку порталот за учење e-Kursevi на ФЕИТ. На отворањето на школата свое обраќање имаше деканот на ФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски, кој истакна дека Факултетот е секогаш отворен за соработка со основните и средните училишта во Македонија и со задоволство ги отстапува своите виртуелни училници на младите вљубеници во математиката.
Повеќе информации на: https://smm.org.mk/2020/10/16/otvaranje-na-esenskata-matematicka-skola-2020/