22 ноември – 19 декември 2022
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „5G-Advanced Mobile Broadband Internet and New Services” од 22 ноември до 19 декември 2022 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Academy: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на 5G-Advanced Mobile Broadband Internet and New Services, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени мобилниот broadband Интернет, вклучувајќи ја IPv6 мобилноста, 4G/4.9G (LTE/LTE-Advanced-Pro) и Evolved Packet System (EPS), QoS, QoE и KPIs за мобилниот broadband Интернет, потоа NB-IoT и eMTC, мобилен spectrum management, како и регулативата за мобилниот broadband Интернет. Курсот исто така ќе ги опфати 5G New Radio (NR), 5G Core (5GC) и Software-Based Architecture (SBA), edge computing, мрежен slicing, 5G QoS и slicing QoE, ITU OTN (Optical Transport Network) за 5G, spectrum management за 5G NR, како и 5G бизнис и регулаторните. Понатаму, ќе се фокусира на идниот мобилен broadband, вклучувајќи ги подобрувањата со 5G-Advanced, Integrated Access and Backhaul (IAB), AI (Artificial Intelligence) / ML (Machine Learning) употребата во 5G-Advanced, меѓумрежно поврзување на 5G и идните WLAN мрежи (WiFi 6 and WiFi 7). Исто така, курсот ќе ја опфати еволуцијата на Non-Terrestrial Network/Satellite за NR и IoT, 5G FWA (Fixed-Wireless Access), 5G/5G-Advanced приватни (non-public) мрежи, како и бизнис и регулаторните аспекти за идниот мобилен broadband. На крајот, курсот исто така ќе ги вклучи и новите 5G/5G-Advanced мобилни сервиси, вклучувајќи го новиот 5G voice (VoNR, EPS Fallback), еволуцијата на 5G multicast and broadcast, 5G XR (eXtended Reality) with application awareness, и evolved Mobile Broadband (eMBB) за OTT сервисите. Притоа ќе бидат опфатени масивните MTC/IoT сервиси, URLLC за Industrial IoT преку NR, Advanced V2X, 5G-Advanced сервиси во однос на Интернет мрежната неутралност, како и бизнис и регулаторните аспекти за новите 5G-Advanced сервиси.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на 5G-Advanced Mobile Broadband Internet and New Services, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на 5G-Advanced Mobile Broadband Internet and New Services се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 21 ноември 2022 година.