Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС +

Објавено: јуни 30, 2020

Рок за аплицирање до 1.10.2020   

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за индивидуална мобилност за студенти.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во 3 примерока до Еразмус+ координаторот на ФЕИТ  проф.  д-р Маргарита Гиновска, најдоцна до 1 октомври 2020 година.

Повеќе информации и потребните документи се дадени на следниот линк www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+

 

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува 

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ

за академската 2020/2021 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година  на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

  1. Потребни документи за мобилност на студенти:

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • најмалку една препорака;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент-  запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-520 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот.

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат,  најдоцна до 1 октомври 2020.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 10 октомври 2020.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ