Наградени најдобрите студенти на ФЕИТ

Објавено: јуни 19, 2026

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) традиционално ги наградува студентите кои во текот на претходната академска година оствариле исклучителен успех во студирањето. И оваа година беа одликувани студентите кои постигнале просечен успех над 9,00, потврдувајќи ја својата посветеност, упорност и стремеж кон академска извонредност. Меѓу наградените се студенти од сите студиски години и сите...

Новата генерација инженери на ФЕИТ: 184 дипломи и повик за одговорност во време на технолошки промени

Објавено: јуни 19, 2026

Вчера, во големата сала на Македонската Филхармонија, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) одржа свечена промоција на новата генерација дипломирани инженери и магистри, на која беа врачени вкупно 184 дипломи – 150 дипломирани инженери и 34 магистри. На промоцијата беа посебно истакнати академските резултати: 32 дипломци оствариле просек над 9, што беше посочено како...

Заверка на летен семестар во учебната 2025/2026 година – Втор циклус

Објавено: јуни 17, 2026

Заверката на летниот семестар во учебната 2025/2026 година за студентите од Втор циклус студии – магистерски студии – ќе се врши на шалтерите на Одделението за студентски прашања во периодот: Од 22.6. до 23.6.2026 год. од 12:30 до 14:30 часот Потребни документи: Индекс (со впишани предмети); Уплатница за реализирана рата; Електронски потписи во Iknow за...

Промоција на дипломирани инженери и магистри 2026

Датум на настан: 16.06.2026

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 16.06.2026 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Термините во кои треба да пристигнат дипломците и магистрите, согласно бројот на диплома, е според следниот распоред: диплома брoj време I циклус 3399-3447 18:45 I циклус 3448-3497 19:00 I циклус 3498-3548 19:15 м-р...

Проф. д-р Петар Поповски, стана член на Кралската данска академија на науките

Објавено: јуни 11, 2026

Со огромна гордост и чест ја споделуваме веста дека истакнатиот научник, наш алумни и актуелен визитинг професор на ФЕИТ, проф. д-р Петар Поповски, е избран за нов член на престижната Кралска данска академија на науките (The Royal Danish Academy of Sciences and Letters). Станува збор за една од најреномираните европски академски институции, чиј претседател во...

Наградени студенти по години со просек 9 и над 9 во учебната 2024/2025

Објавено: јуни 5, 2026

Свеченото доделување на награди и пофалници на студентите со постигнат успех 9 и над 9 ќе се одржи на 19.6.2026 година во салата за состаноци во 9 часот. Список студенти по студиски години кои во учебната 2024/2025 година заклучно со августовскo-септемвриската испитна сесија постигнале вкупен просек 9 и над 9 Завршиле I студиска година со...

ФЕИТ е партнер во европскиот проект BUSUnited за унапредување на вештините за декарбонизација на градежниот сектор

Објавено: јуни 5, 2026

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е партнер во европскиот проект BUSUnited (BUILD UP Skills United), кој се реализира во рамки на програмата LIFE Clean Energy Transition. Проектот има за цел да придонесе кон јакнење на вештините и компетенциите потребни за енергетска транзиција, енергетска ефикасност и декарбонизација...