ФЕИТ Серија предавања на тема асистивни технологии

Објавено: мај 18, 2026

Серија предавања на тема асистивни технологии беше одржана во Лабораторија за електроника во вторник, 12 мај 2026 во рамки на наставните активности по предметот [Биомедицинска електроника] (https://gitlab.com/feeit-freecourseware/biomedical-electronics). На работилницата земаа учество низа на реномирани експерти од оваа област во Македонија. Најпрвин за примената на виртуелна реалност кај лица со аутизам зборуваше проф. д-р Јасмина Трошанска...

Серија предавања од областа на невронауката и биомедицинското инженерство на ФЕИТ

Објавено: мај 18, 2026

Во Лабораторијата за електроника на ФЕИТ, на 21 април 2026 година во рамки на наставните активности по предметот [Биомедицинска електроника] (https://gitlab.com/feeit-freecourseware/biomedical-electronics), се одржа серија предавања за најновите достигнувања во областа на невронауката и биомедицинското инженерство. Настанот понуди уникатен спој на теоретски и практични согледувања за примената на современите инженерски методи во дијагностиката и третманот на...

СООПШТЕНИЕ – Промоција на дипломирани инженери и магистри 2026

Датум на настан: 16.06.2026

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 16.06.2026 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Термините во кои треба да пристигнат дипломците и магистрите, согласно бројот на диплома, е според следниот распоред: диплома брoj време I циклус 3399-3447 18:45 I циклус 3448-3497 19:00 I циклус 3498-3548 19:15 м-р...

Презентација на студиска програма со двојна диплома на магистерски студии – DECS-IOT

Датум на настан: 18.05.2026

Почитувани студенти, На 18.05.2026 (Понеделник) во 14h ќе се одржи кратка презентација online и во живо во просторија 122 на ФЕИТ на студиската програма на англиски јазик Dedicated Embedded Computer Systems – Internet of Things со можност за двојна диплома со Универзитетот Анхалт од Германија на магистерски студии. Може да се приклучи или да присуствува во живо секој студент...

Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: мај 14, 2026

Пријавување испити на прв циклус студии во јунската испитна сесија  2026 ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од 18.5. до 3.6.2026 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5. Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава. Во...

Пријавување испити – втор циклус студии

Објавено: мај 14, 2026

Пријавување испити на втор циклус студии во јунска испитна сесија 2026 ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот 18.5. до 3.6.2026 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5. За сите пријавени испити, студентите задолжително треба да достават пополнети хартиени пријави  на самиот испит. Во пријавата  се внесуваат податоците за студентот, називот на предметот, предметниот наставник, студиската програма...

Тим на ФЕИТ учествуваше во подготовка на студија за влијанието на ЕВН Македонија врз електроенергетиката, економијата и општеството

Објавено: мај 8, 2026

По повод 20 години присуство во македонскиот електроенергетски сектор, тимови од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје работеа на студија чија цел беше да се даде приказ на влијанието на компанијата врз развојот на електроенергетскиот сектор во земјава, но и поширокото економско, општествено и...

Конкурс од АД ЕСМ за стипендирање студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии

Објавено: мај 7, 2026

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии АД ЕСМ РАСПИШУВА КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ СТУДЕНТИ ОД СИТЕ СТУДИСКИ ГРУПИ НА ФЕИТ Како општествено-одговорна компанија што континуирано ги поддржува студентите на електроенергетските студиски програми, АД ЕСМ и оваа година доделува 5. стипендии за студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии...

Одржана работилница на тема: „Како учат компјутерите? Едукативна работилница за вештачка интелигенција и машинско учење“ во ФЕИТ ФАБЛАБ, во соработка со Институтот за КТИ при ФЕИТ

Објавено: мај 4, 2026

Наставниот кадар на ФЕИТ од Институтот за компјутерски технологии и инженерство (КТИ), во соработка со средните училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“ од Скопје, на 27.04.2026 година организираше и успешно реализираше работилница во лабораторијата за производство – ФЕИТ ФАБЛАБ, на тема: „Како учат компјутерите? Едукативна работилница за вештачка интелигенција и машинско учење“. Настанот...