УНИВЕРЗИТЕТОТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР
за академската 2022/2023 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ. Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет страната на УКИМ-Erasmus+ (www.ukim.edu.mk).
Времетраење на мобилноста:1 недела (до 5 работни денови).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите, Србија и Турција. (Види листа на Еразмус+ договори)
Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
мобилност за наставeн ангажман (teaching):
- (Staff Application Form)
- (Staff Mobility Agreement for Teaching)
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин
- кратка биографија (Europass model).
мобилност за обука (training) :
- (Staff Application Form);
- (Staff Mobility Agreement for Training)
- покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин
- кратка биографија (Europass model 3-5 стр.).
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот најдоцна до 15 ноември 2022.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува наставникот и еден примерок со пропратно писмо од факилтетот се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Сите формулари за аплицирање можете да ги најдете на интернет-страната на УКИМ (Меѓународна соработка/Еразмус+)
Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот на УКИМ е 25 ноември 2022.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”