Како дел од најдобро дипломираните инженери, на 11.07.2024 на Плаошник, Ангела Мешкова и Матеа Ташковска од ФЕИТ свечено го добија признанието „Инженерски прстен“. Ова исклучително признание е под покровителство на Претседателот на државата, а во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
„Инженерски прстен“ се додели по 21. пат, а годинешни добитници се вкупно 15 најуспешни дипломирани студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и од Државниот универзитет – Тетово.
Им честитаме на сите добитници на ова престижно признание, а особено сме горди на двете добитнички од ФЕИТ на кои им посакуваме многу успеси во нивните инженерски кариери.