INNO-SAE Денови за вмрежување

Објавено: февруари 13, 2023

На 17.02.2023 во амфитеатарот 40 на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) и на 21.02.2023 во ИНОФЕИТ ќе се одржат денови за вмрежување од студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE) 2022/2023. Програмата е интегрален дел од активностите на новоформираниот ФЕИТ ФабЛаб, а е во ко-организација со Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје. Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.

На денот за вмрежување ќе бидат претставени главните активности на програмата, развиените решенија во претходните едиции како и опремата која ќе стои на располагање за развој на идеите од овогодинешната едиција.

Ве покануваме да присуствувате на деновите.