ИНОФЕИТ се стекна со статус на сертифициран ДИХ во рамките на европскиот CHANGE2TWIN проект

Последна измена: јуни 22, 2022

 

ИНОФЕИТ ДИХ доби сертифициран статус во рамките на EU H2020 CHANGE2TWIN проектот за консултантски услуги на компании кои се стремат да воведат решенија на „дигитален близнак” во својата секојдневна работа. Концептот на „дигитален близнак” е еден од најголемите двигатели на промени во производствената индустрија овозможувајќи им на компаниите значително да ја зголемат својата глобална компетитивност.

Во моментов, проектот CHANGE2TWIN има втор отворен повик за апликации од производители од една од земјите членки на ЕУ, нејзините прекуморски земји и територии како и од H2020 асоцираните држави каде спаѓа и С.Македонија. Триесет производители ќе добијат ваучер за проценка (анг. assessment voucher) со вредност до 10,000 евра кои треба да се искористат со сертифициран ДИХ што може да им обезбеди детална анализа, имплементациска стратегија, точна проценка на потенцијал за дигитализација и предвидување на подобрувањата кои може да се остварат со „дигитален близнак”.

Компании производители од С. Македонија можат да аплицираат и експертите на ИНОФЕИТ се на располагање за подготовки. Успешните добитници на ваучер за проценка ќе имаат можност во подоцнежна фаза од проектот да аплицираат за имплементациски ваучер (анг. deployment voucher) во вредност до 90,000 евра.

Краен рок за аплицирање на вториот повик за ваучери за проценка е 30-ти септември 2022, 17:00 CEST. Повеќе детали може да се најдат на: https://bit.ly/3zx0Hcw