Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) секоја година ги наградува студентите кои претходната академска година ја завршиле со просечен успех над 9,00. Оваа година наградени се 15 студенти кои завршиле прва година, 28 студенти кои завршиле втора година и 12 студенти кои завршиле трета година. Од нив, петмина ја завршиле годината со просечен успех од 10,00.
ФЕИТ се гордее со сите успеси на нашите студенти, а особено со овие 55 извонредни млади луѓе кои покажуваат дека вложениот труд и посветеноста во стекнување знаење резултира со висок постигнат успех во текот на студирањето.
Им посакуваме успех во секое поле, а се надеваме дека ќе бидат дел и од најдобрите дипломирани на ФЕИТ.