Од 9 – 12 јуни 2024 година во Шкларска Пореба, Полска се одржа деветтиот Симпозиум за применета електромагнетика – SAEM’2024 (9th Symposium on Applied Electromagnetics)
Симпозиумот е во организација на Полското здружение за применета електромагнетика, а во ко-организација со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ во Скопје и Факултетот за енергетика при Универзитетот од Марибор.
Овој Симпозиум кој за првпат се оганизираше и се одржа во 2006 година во Охрид – Македонија, за да потоа следат: 2008 Замошч – Полска, 2010 Птуј – Словенија, 2012 Шопрон – Унгарија, 2014 Скопје – Македонија, 2016 Вроцлав – Полска, 2018 Подчетртек – Словенија и 2022 Струга – Македонија. За жал заради Covid-19 пандемијата собирот во 2020 во Бели Манастир – Хрватска мораше да биде откажан.
На овогодинешното издание на SAEM’2024 од ФЕИТ беа презентирани осум трудови на професори, асистенти, докторанди и магистранти при ФЕИТ. Два од овие трудови беа презентирани на отворањето на советувањето како поканети предавања од авторите:
- Maja Celeska Krstevska, Navigating the Gusts: Evolutionary Strategies for Optimizing Wind Farm Layouts
- Goga Cvetkovski, The Scientific Legacy of Professor Lidija Petkovska
Преостанатите трудови беа презентирани во регуларните сесии на советувањето. Во прилог се авторите и насловите на овие трудови:
- Goga Cvetkovski, Efficiency Maximization of PMSM Using Equilibrium Optimizer Algorithm
- Blagoja Markovski, Leonid Grcev, Assessment of Electromagnetic Coupling of Electric Power Systems to Pipelines Using Combined Method of Moments and Transmission Line Theory Based Approach
- Blagoja Markovski, Leonid Grcev, Vesna Arnautovski-Toseva, Full-wave Electromagnetic Model for Grounding and Cable Analysis in Multilayer Earth
- Angela Najdoska, Goga Cvetkovski, Maximum Power Point Determination of Bifacial PV Using Teaching and Learning Based Optimization Algorithm
- Rosana Petrusheva, Maja Celeska Krstevska, Optimizing Energy Management: A Case study on hybrid energy storage systems for Commercial Facilities
- Ivan Temelkovski, Goran Rafajlovski, Goga Cvetkovski, Mihail Digalovski, Impact of High Order Harmonics on the Motor Copper Losses and Short-circuit Characteristics
Во продолжение и една фотографија на учесниците од ФЕИТ на советувањето од лево: вон. проф. Маја Целеска Крстевска, проф. Гога Цветковски, вон. проф. Благоја Марковски и асистент Иван Темелковски.