ИНОФЕИТ во рамките на проектот 4ACEs помогна во организацијата и зеде активно учество во овогодинешната [Конференција за акустика и процесирање на говор чиј домаќин беше Институтот за информатика, Словачка академија на науките, на 17 – 18 октомври 2024 година, во Братислава, Словачка.
Конференцијата имаше два дена исполнети со презентации и интерактивни демонстрации кои покриваа теми блиски до фокусот на проектот 4ACEs – дијагноза и третман на невродегенеративни болести базирани на вештачка интелигенција. Нашиот тим придонесе со презентации од Каролина Габор-Сиатковска и Артур Јаницки од Универзитетот за технологија во Варшава, Атила Золтан Јенеи и Рами Камун од Универзитетот за технологија и економија во Будимпешта, Зоран Ивановски и Бранислав Геразов од Центарот за трансфер на технологија и иновации – ИНОФЕИТ, како и од нашите домаќини Викторија Чиерник Кевицка, Роберт Сабо, Маријан Трнка и Милан Руско. За заинтересираните, сите презентации се достапни онлајн на [веб-страницата на конференцијата
Покрај програмата на конференцијата, тимот на 4ACEs одржа продуктивен проектен состанок на кој се разговараше за напредокот и менаџирањето на проектот. Тимот, исто така, ја искористи социјалната програма за дружење во неформален амбиент во срцето на Братислава.
Проектот е финансиран од Меѓународниот Вишеградски фонд.