ОТВОРЕН ДЕН НА ФЕИТ – Cofee@FEIT 2.0.

Објавено: мај 17, 2022

На 14.05.2022 година на нашиот факултет се оддржа Отворен ден 2022 година. Настанот беше организиран како неформално дружење на наставниот кадар, студентите и средношколците.
Со организирање на овој Отворен ден, ФЕИТ на средношколците им ги  претстави можностите и условите за студирање, детално ги запозна со студиските програми како и тековните проекти на кои работат нашите студенти. Срденошколците имаа можност да прошетаат низ факултет, да ги погледнат лабораториите при секој институт, презентирани од нивните идни професори, како и можностите кои би ги имале од студирањето на различните студиски програми.
Преку отворените денови, практичната работа во текот на студирањето, како и проектите кои ги имаме во соработка со разни компании, ФЕИТ го покажува вниманието кое го посветува на идните студенти, веќе запишаните студенти и секако колеги по завршувањето на своите стидии.
За срденошколците кои не беа во можност да ни се придружат на овој настан,  за прв циклус студии може да се информирате на веб страната https://upisi.feit.ukim.edu.mk/, а ФЕИТ  останува отворен за прашања преку Центарот за нови студенти на маил cns@feit.ukim.edu.mk .