Пилот активност на ФЕИТ за нови дигитални курсеви во рамките на проектот EcoMinds

Објавено: април 22, 2026

На ден 17.04.2026, во просториите на ИНОФЕИТ се одржа пилот-активност организирана во рамките на проектот Еco Minds (Enhancing Environmental Data Collection through Machine Learning and Database Systems), финансиран од Европската унија преку програмата Еразмус+. Во активноста зедоа учество 20-тина студенти од повеќе факултети на УКИМ – Скопје. Студентите имаа можност да се запознаат со проектот, како и да започнат со новоразвиените курсеви “Дизајн на бази на податоци за податоци од животната средина” и “Машинско учење за анализа на податоци од животната средина”. Во склоп на овие курсеви, студентите ќе научат да собираат и анализираат еколошки податоци, како и да ги обработуваат истите со помош на техники од машинско учење.

Освен на УКИМ, вакви пилот-активности беа успешно спроведени на Универзитетот во Задар, Универзитетот за применети науки во Шибеник и средното училиште Вегова – Љубљана.