Реализирана теренска настава за студентите од енергетските насоки на ФЕИТ

Објавено: октомври 30, 2024

Во периодот 24-25 октомври се реализираше теренска настава за студентите од студиските програми: ЕАОИЕ, ЕЕС и ЕЕПМ.  Во текот на двата дена, посетени беа шест локации, од кои пет електрани и една фабрика. Оваа практична настава беше убава прилика студентите во реално опкружување да видат како изгледаат и како функционираат некои од производните капацитети во нашата држава. Агендата според која се одвиваше наставата е следната:

Електрична централа/локација Инсталирана моќност
ХЕЦ Вруток 165,6 MW (4 x 41,4 MW)
СЕЦ Осломеј 10 MW
МАКИТЕЛ – фирма за изработка на трансформатори (Охрид) /
РЕК Битола 700 MW (3 x 233 MW)
Биогасна централа – „Био ентерпрајз“ 2 MW (2 x 1 MW)
ВЕЦ Богословец 36 MW (8 x 4,5 MW)


Наставата ја реализираа професори од ФЕИТ.

Факултетот изразува голема благодарност на сите презентери како и на компаниите за покажаната кооперативност и соработка во изведувањето на теренската настава.

Во прилог се неколку хронолошки подредени фотографии од посетите на разните капацитети.