ROBOMAC Junior 2022

Датум на настан: 30.11.2022

Факултетот за електротехника и информациски технологии во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE ја продолжува воспоставената традиција и по трет пат го организира натпреварот во роботика и електроника ROBOMAC Junior, во периодот од 30 ноември до 2 декември 2022.
Натпреварот ќе се одржи во просториите на ФЕИТ и на него ќе учествуваат 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од Македонија, поделени во 2 категории. Освен активностите од натпреварувачки карактер, учесниците ќе имаат можност да следат и неколку предавања во кои ќе се претстават популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.

АГЕНДА