Учество на деканот на ФЕИТ, проф.д-р Димитар Ташковски, на македонско-бугарскиот бизнис форум

Последна измена: декември 9, 2022

Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, на 7.12.2022 се одржа Бизнис форум во Скопје на кој учествуваше и деканот на ФЕИТ, проф. д-р Димитар Ташковски. Во панел дискусијата тој се осврна на неколку значајни аспекти:

  • Неопходност за поголема соработка помеѓу академијата и бизнис заедницата заради зголемен економски раст (над 80% од иновациите глобално доаѓаат од академската заедница)
  • Потреба од инженери од различни области за развој на економијата
  • Можности за соработка со ИНОФЕИТ и развој на прототипови за потребите на стопанството.

Обраќањето можете да го погледнете на линкот: