Тим од професори од ФЕИТ учествуваше на состанок на проектот TRANSIT кој се одржа во историската Палата на уметности и индустрија во Мадрид. Состанокот беше организиран од Политехничкиот универзитет во Мадрид.
TRANSIT (Транзиција кон одржлива иднина преку обуки и образование) е проект финансиран од Европската Унија под програмата Хоризонт Европа во кој учествува и УКИМ, преку тимот на ФЕИТ. Целта на проектот е да осмисли и организира обуки и програми за усовршување на вештини за сегашните и идните генерации во областа на обновливата енергија и одржливост со примена на мултидисциплинарен пристап.
Во рамки на посетата, проф. д-р Александра Крколева Матеска одржа предавање на тема „Истражување на аспектите на управување со оптоварување во интелигентни мрежи“ на Политехничкиот универзитет во Мадрид. Сесијата беше дел од обуката за членови од академска заедница и за професионалци од индустријата, насловена „Кон постигнување на одржливи и јаглеродно-неутрални електроенергетски системи: од теорија до имплементација“ и организирана од проектот TRANSIT.
Повеќе детали за обуката и сесиите може да се најдат на веб страната на проектот: https://transitproject.eu/news/f/transit-training-in-madrid-29th-november-1st-december