Град Скопје согласно своите заложби за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, и оваа учебна година по петти пат ја продолжува инцијативата за поврзување и непосредна комуникација меѓу универзитетите, факултетите и средните училишта. Целта на оваа иницијатива е да им се помогне на матурантите во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои ќе ги стекнат посакуваните стручни компетенции.
ФЕИТ е дел од оваа иницијатива, која поради пандемијата Covid-19 и оваа година ќе се одржи on-line. Презентацијата на нашиот факултет ќе се одржи на 16.03.2022 година (среда) со почеток од 13 часот на следниот линк: