Во 2022 и 2023 година во рамки на ФЕИТ беше успешно реализиран научно-истражувачкиот проект “Методи на предвидување и нивна примена“, финансиран од интегративните средства на УКИМ за 2022/2023 година.
Истражувачката работа во проект претставува надоврзување на долгогодишните истражувања на дел од проектниот тим. Истражувачката работа во предлог-проектот беше поделена на неколку дела: теорија на графови, анализа на податочни множества и динамички системи, и беа поставени следните цели:
- Во делот од теорија на графови беше предвидена анализа на структурата на наноторуси. Наноторусите се кубични графови кои се вложени на торус само со шестаголни лица. Во последните години овие структури се прилично актуелни бидејки опишуваат бесконечна класа на молекули кои имаат широк спектар на својства. Наноторусите се исто интересни и поради својот мал дијаметар, па се применуваат за интерконекција на компјутерски компоненти. Постојат неколку методи за конструкција на наноторусни графови; за сите се потребни три или четири параметри.
- Анализа на различни податочни множества. Предлог-проектот предвидуваше анализа на податочни множества кои претходно не се анализиран, а се од големо значење за одредени цели или заедници. Токму во овој дел беше предвидена и соработка со истражувачи од други факултети на УКИМ и компании. Главно се работеше на три проблематики: квалитетот на воздухот во Скопје и квалитетот на живот на лицата со МС во Македонија и модели за масовно вреднување на недвижностите.
Од спроведените истражувања во рамки на научно-истражувачкиот проект произлегоа следните резултати:
- Определен е дијаметарот на графовската презентација на наноторусите како функција од параметрите кои ги дефинираат.
- Оределени се сите растојанија во графот, и како надоврзување во иднина би се определиле некои поважни тополошки индекси кои зависат од растојанијата во графот.
- При анализата на квалитетот на воздухот во Скопје[1] беа анализирани повеќе аспекти како: влијанието на пандемијата КОВИД-19, односно рестрикциите за движење на загадувањето, влијанието на зелените површини на концентрацијата на ПМ честички, влијанието на забраната за согорување на отпад, влијанието на промената на цената на електричната енергија итн.
- Анализиран е квалитетот на живот на лицата со МС во Македонија. Во Македонија има околу 1500 пациенти со МС и досега не е направена никаква анализа за нивниот квалитет на живот, пропратни болести, број на хоспитализации, терапија која ја примаат. Обработени се податоци добиени од стандардизиран интернационален прашалник на кој одговориле повеќе од 250 пациенти со МС. Овие анализи се дел од поопсежна анализа во која се обработува квалитетот на живот на пациентите со МС и од аспект на здраствениот систем во Македонија. Со оглед на тоа што ова е прва ваква студија во Македонија, таа би била од огромно значење, пред се на лицата со МС, а потоа и на здраствениот систем при креирање на здраствените политики.
- Направен е модел за масовно вреднување на недвижен имот за делови од градот Скопје, притоа експлицитно инкорпорирајќи го просторниот фактор. Истражувањето се фокусира и на примената на податоците кои Агенцијата за катастар ги регистрира како трансакции на недвижности кои се одвиваат во државата, а кои се единствениот официјален и релевантен извор на податоци.
- Анализирани се фракционата Фуриеова трансформација и Кратко-времената фракциона Фоуриеова трансформација. Направена е асимптотска анализа на истите во простори на обопштени функции и добиени се неколку Абелови и Тауберови резултати.
Од резултатите од проектот произлегоа следните публикации и орални презентации:
- Andova, P.Dimovski, M.Knor, R.Škrekovski, On diameter on nanotori, поднесен во Applied Mathematics and Computation. (IF=4.397).
- Srbinovska, V. Andova, A. Krkoleva Mateska, M. Celeska Krsteska, M. Kutirov, M. Majstorovski, Evaluating the Effectiveness of Meteorological Measurements in Assessing Air Pollution in Republic of North Macedonia, пратен во J. Electr. Eng. Inform. Tech.
- Srbinovska, V. Andova, A. Krkoleva Mateska, M. Celeska Krsteska, V. Andonovik, M. Kutirov, M. Majstorovski, Assessing the Impact of Air Pollution in North Macedonia: A Meteorological and Green Infrastructure Study, прифатен на 18th Conference on Sustainable Development of Energy, Water and Evironments Systems, SDEWES 2023, September 2023 Dubrovnik, Croatia.
- Andova, V. Andonovik, M. Celeska-Krstevska, V. Dimcev, A. Krkoleva-Mateska, M. Srbinovska, Estimation of the Effect of COVID-19 Lockdown Impact Measures on Particulate Matter (PM) Concentrations in North Macedonia, Atmosphere, 14 (2023) 192, https://doi.org/ 10.3390/atmos14020192. (IF=3.11)
- Srbinovska, V. Andova, A. Krkoleva Mateska, M. Celeska Krsteska, M. Cundeva-Blajer, Environmental wireless sensor monitoring and estimation of green infrastructure location impact on particulate matter reduction for improved air quality, IMECO, October 2022, Dubrovnik, Croatia.
- Srbinovska, A. Krkoleva Mateska, M. Celeska Krsteska, V. Andova, Location impact on particulate matter (PM) concentration reduction during COVID-19 pandemic, ICEST 2022 (57th International Conference on Information, Communication and Energy Systems and Technologies), June 2022, Ohrid, Macedonia.
- Srbinovska, V. Andova, A. Krkoleva Mateska, M. Celeska Krsteska, M. Cundeva-Blajer, M. Kutirov, M.Majstorovski, Quantifying the Impact of Meteorological Factors and Green Infrastructure Location on Particulate Matter (PM) Mitigation in North Macedonia Using Sensor Collected Data прифатен во Measurments: Sensors.
- Malijanska, S. Atanasova, G. Gjorgjiev, I. Peshevski, D. Velinov, A geographically weighted regression approach in regional model for real estate mass valuation, CODEMA 2022, II Congress of Differential Equations, Mathematical Analysis and Applications CODEMA 2022 & X Seminar of Differential Equations and Analysis, September 2022, Ohrid, Macedonia.
- Andova, M.Knor, R.Škrekovski, Distance based indices on nanotubical graphs, 6th Macedonian Workshop on Graph Theory and Applied Mathematics, August 2022, Ohrid, Macedonia (апстракт и усна презентација).
- Atanasova, S. Pilipovic, S. Maksimovic, Some asymptotic results for the fractional Fourier transform of tempered distributions,Time – frequency representations for function spaces TIFREFUS, April, 2022 Novi Sad, Serbia (апстракт и усна презентација).
- Andova, P.Dimovski, M.Knor, R.Škrekovski, On three constructions of nanotori, COST First international meeting, February 2023, Ljubljana Slovenia (апстракт и усна презентација).
- Atanasova, S. Maksimovic, S. Pilipovic, Аbelian and tauberian results for the fractional fourier and short time fourier transforms, поднесен во Integral Transform And Special Functions. . (IF=1.39).
[1] При анализирање на квалитетот на воздухот работевме на податоци собрани од три сензори (мерни станици) поставени во дворот на ФЕИТ набавени од проектот FEIT4O2