МАКО СИГРЕ објавува конкурс за стипендии во академската 2022/2023 година

Објавено: ноември 8, 2022

MAKO СИГРЕ водејќи се од премисата дека секогаш се подобри генерациите кои доаѓаат, повеќе од 10 години ги поддржува студентите кои студираат на електроенергетските насоки на: Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ)

Почнувајќи од академската 2022/2023 година МАКО СИГРЕ започнува со стипендирање на студенти од студиските програми по електроенергетика на ФЕИТ.

МАКО СИГРЕ објавува конкурс за доделување по една годишна стипендија за студентите на студиските програми по електроенергетика на ФЕИТ (ЕАОИЕ, ЕЕС и ЕЕУМ/EEПМ).

  • Право на учество на конкурсот имаат сите студенти запишани во зимскиот семестар.
  • Повеќе за правилата и критериумите врз основа на кои ќе се доделат стипендиите, износот и начинот на пријавување на следниот линк https://mako-cigre.mk/stipendii-nagradi/ .

Крајниот рок за доставување пријави на конкурсот за стипендии е до 21.11.2022.