Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2022/2023 година во вториот уписен рок ќе се врши во роковите утврдени со конкурсот. Кандидатите треба да се пријават најдоцна до 16.9.2022.
Број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2022/2023 година:
Студиска програма | Државна квота | Квота со школарина |
Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија | 31 | 30 |
Електроенергетски системи | 51 | 10 |
Електроенергетика и проектен менаџмент | 49 | 10 |
Компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика | 12 | 30 |
Компјутерски технологии и инженерство | 30 | 30 |
Компјутерско хардверско инженерство и електроника | 45 | 10 |
Телекомуникации и информациско инженерство | 47 | 10 |
Пред пријавувањето во роковите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk (iKnow системот веќе е отворен за пријавување). Секој кандидат треба да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот и да ги прикачи потребните документи.
Покрај прикачување на документите во iKnow системот, истите треба да се испратат на електронска пошта (e-mail) на следната адреса: upisi-feit@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот којшто автоматски го добиле од системот за електронското пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- Електронска пријава
1. Универзитетски пријавен лист и
2. Интерен пријавен лист
(Двете пријави се печатат од iknow системот и се потпишуваат). - Уплатница за административна такса од 50 денари
- Оригинални свидетелства од сите класови
- Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матична книга на родените
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
- Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност и се печати и од iknow системот)
- Изјава за согласност за лични податоци (се печати и од iknow системот)
- Изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани документи (се печати и од iknow системот)
- Дипломи што евентуално биле освоени во текот на средното образование согласно точка 2 од одлуката за Стипендии за идните студенти на ФЕИТ.
Кандидатите не треба да ги доставуваат оригиналните документи во просториите на факултетот. Факултетот на web страната ќе ги објави роковите во кои кандидатите ќе треба да ги донесат потребните документи за пријавување и за запишување.
Упатство за електронско пријавување
Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.
Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил.
Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.