Соопштение за подготвителна настава по програмирање Code@FEIT 2020

Објавено: септември 25, 2020

Подготвителната настава по програмирање Code@FEIT 2020 ќе се одржи во периодот од 28.9.2020 до 02.10.2020 год.  Предавањата студентите ќе ги следат сите заедно, додека за практичниот дел (аудиториски и лабораториски вежби) студентите се поделени во четири групи (на крајот од поракава е распоредот на кандидатите по групи). Наставата ќе се одвива секој ден од понеделник до петок по следниов распоред.

* Во Четврток и Петок термините ќе бидат поместени согласно со вашиот ангажман за присуство на настанот за ориентација на новозапишаните студенти на ФЕИТ.

Понеделник 28.09.2020 Вторник 29.09.2020 Среда 30.09.2020 Четврток* 01.10.2020 Петок*   01.10.2020
Предавања од 10 до 14 ч. од 10 до 12 ч. од 10 до 12 ч. од 10 до 12 ч.?? од 10 до 12 ч.??
Практична настава

(по групи)

нема од 12 до 14 ч. од 12 до 14 ч од 12 до 14 ч?? од 12 до 14 ч??

На часовите се вклучувате преку платформата:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

со која веќе се запознавте за часовите по Математика и Физика.

При најавувањето, во полето корисничко име, внесете ја e-mail адресата која ја користевте при електронскиото најавување во системот iКnow. Иницијалната лозинка е вашиот матичен број.  Потоа влезете во курсот Code@FEIT 2020.

Во курсот ќе ги имате сите потребни материјали и линкови, како за видео состановците, така и за платфоримте кои ќе ги користиме за практичниот дел и решавање на задачи.

За повеќе прашања околу организацијата на самата настава, слободно пишувајте на форумот, или директни пораки до наставниците.

Часовите ќе се одвиваат преку Zoom видео конференциска врска. На следниов линк може да најдете упатство за  инсталирање на оваа апликација и стартување видео конференција:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/pluginfile.php/7842/mod_forum/post/15098/Startuvanje_na_video_konferencija_so_Zoom_vo

_e_kursevi.mp4

Во случај на технички проблеми поврзани со стартување на конференцијата, обратете се на следниов e-mail: e-admin@feit.ukim.edu.mk

Распоредот на кандидатите по групи