Информација за студентски адреси

Објавено: септември 30, 2020

Почитувани бруцоши,

Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата:

https://smail.feit.ukim.edu.mk/

Електронските адреси се во форма

<studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk,

каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта. На пример, студент запишан на студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство, со број на индекс 265/2020 би имал адреса tkii2652020@feit.ukim.edu.mk.

Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја променат преку веб-интерфејсот.

Количината на дoделeната меморија на секој корисник изнесува 1GB(еден гигабајт).

Најавувањето на порталот за електронско учење http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk, како и целокупната комуникација на студентот  со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ ќе се одвива преку неговата студентска факултетска електронска адреса.

Кориничките сметки кои ги користевте за пристап до подготвителните курсеви ќе бидат избришани на 03.10.2020.

Доколку наидете на проблеми контактирајте нa: e-admin@feit.ukim.edu.mk

Со почит ФЛАОП