Крводарителска акција 5 и 6 декември од 10 до 15 часот во читална на фЕИТ

Датум на настан: 05.12.2023

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и факултетите на територијата на ОО Карпош организира крводарителска акција која ќе се одржи на 5 и 6 декември од 10 до 15 часот во Читалната на факултетот.

На крводарителската акција крв може да даруваат студентите и вработените од факултетите (лица од 18 до 64 години, мажите може да даруваат на секои 3 месеци, жените може да даруваат на секои 4 месеци).