Во рамките на Европскиот проект WideHealth – кој што го координира ФЕИТ/УКИМ, ќе се организира тематска Летна Школа „WideHealth Summer School on Human Factors in Pervasive Health“ .
Школата ќе се организира во Лисабон, Португалија – хибридно – со физичко присуство и онлајн – од 11 до 15 Јули 2022. Школата ќе биде фокусирана на следните теми: сеприсутни технологии и е-здравје, дизајн на паметни технологии за здравство, машинско учење.
Школата ќе биде интернационална, отворена за студенти од земјата и од странство. Регистрацијата е на следниот линк.
Во рамките на школата предавања ќе одржат реномирани професори од повеќе земји и институции учесници во проектот WideHealth.
Повеќе информации на страната од проектот: https://widehealth.eu/
и страната на Школата: https://widehealth.eu/widehealth-summer-school-on-human-factors-in-pervasive-health/