Повик за Програма за пракса на Германското стопанство

Објавено: октомври 19, 2020

Програмата за Пракса на Германското Стопанство (www.stipendienprogramm.org) им овозможува на студентите (дипломирани и недипломирани) да стекнат работно искуство во водечки компании во Германија. Во последните 17 години се поддржани повеќе од 800 студенти и млади академски граѓани од Земјите на Западен Балкан. Сите стипендисти поминуваат три до шест месеци во Германија, каде што го проширируваат теоретското знаење добиено за време на студиите, а исто така добиваат можност за применување на тоа знаење во пракса. Стипендистите се организирани во мрежа на Алумнисти каде што постојано добиваат обуки според потребите на локалниот пазар на труд. Следната генерација на Стипендисти ќе ги започне своите пракси на 1.10.2020 година. Повик за аплицирање за новата генерација ќе биде отворен од 1.10.2020 до 16.11.2020 година и студентите можат да се информираат за продобивките на Програмата и процесот на аплицирање на нашата страна: www.stipendienprogramm.org.

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата, оваа година ќе бидат одржани две онлајн информативни сесии:

  • 22.10.2020, 18h

https://zoom.us/j/96327374334?pwd=VlhCVklyN1VEaGV3WDVsL1h1b2JYUT09

Meeting ID: 963 2737 4334

Passcode: 036255

Meeting ID: 913 1298 9474

Passcode: 506599