СООПШТЕНИЕ за организирање подготвителна настава по математика и физика

Објавено: септември 12, 2020

Подготвителната настава по математика и физика ќе се одржи во периодот од 14.9.2020 до 26.9.2020 год.  Студентите се поделени во две групи (на крајот од поракава е распоредот на кандидатите по групи). Наставата ќе се одвива секој ден, освен недела, од 14.9.2020 до 26.9.2020 година по следниов распоред.

Прва група Втора група
Математика од 14.9.2020 до 19.9.2020 год.

од 10 до 13 часот

од 21.9.2020 до 26.9.2020 год.

од 10 до 13 часот

Физика од 21.9.2020 до 26.9.2020 год.

од 11 до 14 часот

14.9.2020 до 19.9.2020 год.

од 11 до 14 часот

На соодветните часови се вклучувате преку линкот:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

При најавувањето, во полето корисничко име, внесете ја e-mail адресата која ја користевте при електронскиото најавување во системот iКnow. Иницијалната лозинка е вашиот матичен број.  Потоа следете го следново упатство.

Часовите ќе се одвиваат преку Zoom видео конференциска врска. На следниов линк може да најдете упатство за  инсталирање на оваа апликација и стартување видео конференција:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/pluginfile.php/7842/mod_forum/post/15098/Startuvanje_na_

video_konferencija_so_Zoom_vo_e_kursevi.mp4

Во случај на технички проблеми поврзани со стартување на конференцијата, обратете се на следниов e-mail: e-admin@feit.ukim.edu.mk

Скопје, 11.9.2020 година