Приказната позади името на ФСС ФЕИТ

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии е најважниот начин за комуникација помеѓу студентите, факултетот и професорите. Собранието ги застапува студентските идеи, предлози и грижи.

Во составот на собранието се наоѓаат студенти од различни општествени позадини и сите заеднно целат кон застапување на идејата за еднакви права кон сите членови на студентската заедница. Главна мисла водилка на ФСС ФЕИТ е сечиј глас да биде слушнат и ценет, застапувајќи ги иницијативите кои поттикнуваат подобра иднина за студентите. Воедно, во склопот на работата на собранието е и организирањето настани од различна природа, кои на студентите им го збогатуваат знаењето и им овозможуваат подлабоко разбирање во нивните области на студирање. Овие настани, од социјален или едукативен карактер, се можност за студентите да се зближат меѓусебно. Дополнително ваквите настани претставуваат “мост” помеѓу студентите и професионалните живот по завршување на студиите. Најважно е што преку сите овие настани се поттикнува создавање на инклузивна и позитивна околина која ги поттикнува студентите да се развиваат како на академски, така и социјално и професионално.

ФСС ФЕИТ има богата историја, обележана со серија звучни настани и проактивна средина. Една од најславните традиции е годишната забава Brucoshka@FEIT, настан кој е основоположник на студенскиот дух и другарување како меѓу студентите, така и меѓу кадарот и студентите. Иако е логистички еден од најголемите предизвици за организација, поради неговата магнитуда на посетеност и важност, служи како настан кој зближува и оформува доживотни пријателства меѓу организацискиот тим. Имајќи повеќе од 6000 посетители годишно, организацијата на ваков настан секако е непроценливо искуство.

Во академската област, ФСС ФЕИТ се обележува со настаните како Science@FEEIT, Tech@FEEIT и Applied@FEEIT кои се препознатливи иницијативи со богата историја. Овие конференции покрај тоа што ги истакнуваат најновите развитоци во науката и истражувањата во полињата на технологијата, служат и како платформа за студентите и факултетот да соработуваат, споделуваат знаење и да ги предизвикуваат границите на науката и технологијата. Затоа годинава, фокусот го ставааме токму на вакви настани и ги издигнувааме скалило погоре, во меѓународни конгреси. Поканувајќи професори, фирми и експерти во областа на технолошките науки од земјава и странство да ги споделат погледите за индустријата и стопанството во и надвор од нашата држава, што би резултирало со нови идеи за Северна Македонија.

Познати по енергетскиот пристап, Факултетското студентско собрание при ФЕИТ е едно од најпроактивните собранија на нашиот универзитет. Неговите членови се трудат максимално да ја зајакнат како академската, така и социјалната заедница. Токму овој страсен пристап кон подобрување е она што ги издвојува како клучна точка кон подобра иднина на нашиот факултет.

Нашите профили на социјалните медиуми:  

 

Претседател

Мелани Цветковска


Претседател на комисија за образование и наука

Дамјан Михајлоски

 

Претседател на комисија за култура

Максим Пановски

 

Претседател на комисија за комуникација и соработка

Огнен Секулоски

 

Претседател на комисија за животна средина

Филип Жаков


Претседател на комисија за спорт и здравје

Кристијан Милошески