Применета математика (13-ПМА) – 2023

КомпетенцииIII

Студиска програма: 13 – Применета математика (13-ПМА)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по применета математика.

Вториот циклус на студии по Применета математика, со своите наставни содржини, како и облиците и методите на настава, ќе им овозможи на студентите стекнување темелни знаења, умеења и вештини од областа на применетата математика.

Кандидатите кои ќе го завршат вториот циклус студии од Применета математика ќе се здобијат со широки познавања од различни области на математиката; ќе бидат оспособени да моделираат реални проблеми, да ги анализираат и оптимизираат математичките модели, да најдат аналитичко и/или нумеричко решение на математичките модели, статистички да обработуваат големи бази на податоци, да прават стохастички симулации, да анализираат и моделираат мрежи, да предвидуваат и проценуваат ризици, итн. Студентите ќе се запознаат со целиот процес на решавање проблеми од реалниот свет: креирање математички модел, негова анализа, решавање со соодветни математички методи и алатки, кои понекогаш е потребно самостојно да ги развијат, па сè до интерпретација и примена на добиените резултати.

Со стекнатите знаења од успешно завршениот втор циклус студии од Применета математика, магистерите лесно ќе се вклучат во одделенијата за истражување и развој во домашни и меѓународни компании од техничките стопански гранки, банките и осигурителните компании, односно во компании од различни подрачја каде математиката се користи како фундаментална алатка. Магистерот ќе може да прави консалтинг во овие компании, да предлага и спроведува иновативни решенија во технолошкиот процес, со што би го намалил ризикот на работење и би ги зголемил приходите во компанијата. Оваа студиска програма создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој.

Исто така, завршените магистри на оваа студиска програма ќе можат да продолжат да се развиваат како истражувачи и научници, но и да се вклучат во едукативниот систем на нашата земја. Магистрите по Применета математика особено може да придонесат во научно-истражувачката и наставната работа на универзитетите, научните институти, истражувачките центри и други институции и успешно да продолжат со студирање на трет циклус студии. Токму искуството говори дека овој степен на студии дел од кандидатите го користи и како основа за понатамошно научно усовршување.

Семестар 1
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ08001 Веројатност и статистика 6 3+3 180
4ФЕИТ08003 Вовед во математичко моделирање 6 3+3 180
4ФЕИТ08014 Нумерички методи 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ08004 Дискретна математика 6 3+3 180
4ФЕИТ08007 Комплексни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ11003 Конвексна оптимизација со примена 6 3+3 180
4ФЕИТ08008 Линеарна алгебра 6 3+3 180
4ФЕИТ08010 Методи за анализа и проценка на ризик 6 3+3 180
4ФЕИТ08015 Нумерички методи во стохастички процеси 6 3+3 180
4ФЕИТ08018 Основи на статистичко моделирање 6 3+3 180
4ФЕИТ07012 Податочна наука и машинско учење 6 3+3 180
4ФЕИТ08019 Применета алгебра 6 3+3 180
4ФЕИТ08021 Симулации со методот Монте Карло 6 3+3 180
4ФЕИТ08024 Стохастички диференцијални равенки 6 3+3 180
4ФЕИТ08025 Теорија на рамки  6 3+3  180
4ФЕИТ08030 Финансиска математика  6 3+3  180

Семестар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ13 Истражувачки проект од областа на применета математика 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900