Англиски јазик

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Англиски јазик

2.    Код

3ФЕИТ12З003

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

I/1

7.    Број на ЕКТС

3.00

8.    Наставник

9.    Предуслов за запишување на предметот

Нема

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Целта на предметот е да ги оспособи студентите активно да се служат со соодветниот стручно- научен регистар на англиски јазик.
Компетенции:
Презема одговорност за сопствените резултати и поделена одговорност за колективните резултати;
Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични научни и интердисциплинарни дискусии.
Донесува соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.

11.    Содржина на програмата:

а)специфични тематски содржини (соодветно на областите на кои се предава)
б) лексички и морфо-синтаксички елементи:
-збор:градба, вид, деривација
-именки и именски фрази, интернационални стручни термини, термини со полисемантичко значење (специфично, преносно, метафорично и др.) термини компонирани со префикси од грчко или латинско потекло
-придавки и прилози
-неопределени глаголски форми: инфинитив, партицип, герунд
-реченици: прости, просто –проширнени, зависни, независни
в) запознавање со основите на академско пишување: правење белешки, пишување пасус, споредба, причинско-последични врски, давање инструкции, службени писма, подготвување на апликации, биографија (CV)
г) дополнителни активности за студентте:
-презентации на единечни и групни проекти на стручна тема

12.    Методи на учење: предавања и вежби, консултации, проектна (домашна, семинарска) задача, домашно учење (подготовка на испит)

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 1 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

90

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

15

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

90

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

20.    Начин на полагање на испитот

Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, како и завршниот устен испит (ако е спроведен)

21.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата