Безжични мултимедиски мрежи

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Безжични мултимедиски мрежи

Код: 3ФЕИТ10002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Тони Јаневски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да знае да применува подлабока техничка анализа на безжичните мултимедиски мрежи. Се очекува да знае да креира безжични мултимедиски мрежи, да креира протоколи, сервиси и апликации за безжични мултимедиски мрежи, како и да биде оспособен да се занимава со научно-истражувачка работа во областа на безжичните мултимедиски мрежи.

Содржина на предметната програма: Архитектури на мобилни мултимедиски мрежи. Анализа на мултимедиски мобилни мрежи. Макро-мобилност (Mobile IP). Микро-мобилност. TCP/IP преку безжична мрежа. MMS, EMS, IM (Instant Messaging) сервиси, локациски-зависни и push сервиси во мобилен Интернет. Сервиси во реално време преку безжични мултимедиски мрежи: пренос на видео/аудио, ТВ преку безжична мрежа, видео конференции. VoIP (Voice over IP) сервиси преку безжични мултимедиски мрежи (WiFi, 4G, 5G). IPTV сервиси преку безжични мултимедиски мрежи. Дистрибуција на содржини. Перформанси на мобилни мултимедиски мрежи (QoS – Quality of Service). KPI (Key Performance Indicators) во безжични мултимедиски мрежи. Сигнализациски мрежни архитектури преку безжични IP мрежи. ААА (Authentication, Authorization, Accounting) и сигурност во безжични мултимедиски мрежи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Toni JanevskiTraffic Analysis and Design of Wireless IP NetworksArtech House, USA2003
2Toni JanevskiInternet Technologies for Fixed and Mobile NetworksArtech House, USA2015