Електрични централи

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електрични централи
2. Код 4ФЕИТ04З003
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Софија Николова-Поцева
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување стручни знаења за процесите и начините за добивање електрична енергија од термоелектрични и хидроелектрични централи, знаење за основните постројки во состав на поодделни типови на електрични централи – нивната улога и ефикасност, како и начините за поврзување на електричните централи со електроенергетскиот систем.
11. Содржина на програмата: Типови на хидроелектрични централи и нивни главни составни компоненти. Енергетски процеси во хидроелектрични централи. Принцип на работа и класификација на хидротурбини. Избор на тип на хидротурбина. Дифузор. Кавитација. Хидроуличен удар. Пумпно-акумулациони постројки. Термоелектрични централи (ТЕЦ). Термодинамички процеси во термоелектрични централи. Основна технолошка шема и главни елементи на ТЕЦ. Енергетски процеси во кондензациони електрични централи (КЕЦ). Коефициенти на корисно дејство кај КЕЦ. Методи за подобрување на термичкиот коефициент на корисно дејство. Економична распределба на оптоварување кај ТЕЦ реализирани според различни видови на шеми. Распоред на постројките и опремата на просторот на хидроелектрични и термоелектрични централи. Електрични шеми на електричните централи.
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 0
16.3. Домашно учење 105
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 100
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и аудиториските вежби.
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (времетраење по 2 часа секој) или завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Арсен Арсенов Производство на електрична енергија ЕТФ – Скопје 1996
2 Арсен Арсенов Електричен дел на електрични централи ЕТФ – Скопје 2003
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg, Gerald B. Sheblé Power Generation, Operation and Control John Willey & Sons 2013