Електромагнетно моделирање

Последна измена: јули 10, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Електромагнетно моделирање
2. Код 4ФЕИТ06004
3. Студиска програма 14-ЕСОР
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Весна Арнаутовски-Тошева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со електромагнетно моделирање на преодни појави. Студентот ќе се стекне со знаења за користење на нумерички методи за моделирање на електромагнетни ефекти во различни системи.

11. Содржина на програмата:

Преглед на нумерички методи во моделирање на електромагнетните појави.  Анализа на проблеми во фреквенциски и временски домен. Дефинирање на математички модел и основни релации. Методи на решавање на диференцијални равенки и интегрални равенки. Метода на конечни елементи. Метода на конечни разлики. Метода на моменти. Моделирање на транзиентни феномени. Преглед на развојот на методи за анализа на електромагнетни транзиенти во системи на проводници со концентрирани и дистрибуирани параметри. Високофреквентна и транзиентна анализа.

12. Методи на учење:

предавања со презентации; интерактивни предавања; самостојна работа; студија на случај; самостојна изработка на проектна задача/семинарска работа; интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 30 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит реализирано 60% од семинарска работа
20. Начин на полагање на испитот Изработка на семинарска работа и нејзина одбрана во рамки на завршниот.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. N.O. Sadiku Нумерички методи во електромагнетиката 2nd Ed, CRC, Boca Raton 2000
2. F.M. Tesche, M. Ianoz, T. Karlsson Методи за анализа на ЕМK и пресметковни модели Wiley, N.Y. 1996
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  R. Harrington  Пресметување на полиња со метод на моменти  Wiley, N.Y.  2001