1. Наслов на наставниот предмет | Електроника 1 | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З018 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ,КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | II/3 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Љупчо Караџинов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Основи на електротехника Ислушани: Основи на електрични кола |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со принципите на работа на електронските елементи. Запознавање со принципите на работа на линеарните електронските склопови.Оспособување на кандидатот за следење и решавање на проблемите во електрониката, компјутерското инженерство, автоматиката и телекомуникациите со помош на реални електронски кола. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Основни поими. Засилувачи: основни параметри, видови, идеални засилувачи. Операциски засилувач: симбол; модел; основни примени на операциски засилувач во линеарен режим на работа. Идеална диода: модел, основни примени. Реална диода: i-v карактеристика, карактеристики на директна и инверзна поларизација, примена. Подрачје на пробив и Зенер диоди. Методи за анализа на кола со диоди: аналитичка, графичка, итеративна. Сегментно-линеарни модели. Модел за мали сигнали. Ограничувачи на напон. Насочувачи: полубранов, целобранов и мостен насочувач. Насочувачи со капацитивен филтер, фактор на брановитост, каскаден умножувач на напон. Полупроводници, ПН спој, капацитивности на пн-спој. Биполарен транзистор: структура, Еберс-Моллов модел, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. МОСФЕТ: NMOS и PMOS со индуциран и вграден канал, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. Засилувачи со транзистори и MOSFET-и: графичка анализа, модел за мали сигнали, алгоритам за анализа на засилувачи. Фреквенциска зависност на засилувањето на засилувачот. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 15 | |||||||
16.3. Домашно учење | 90 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 40 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 40 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изведени и колоквирани лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Адел Седра и Кенет Смит | Микроелектронски кола, 5-то издание | Аламина прес, Скопје | 2009 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | M. Камиловски | Електроника1, електронски елементи | УКИМ | 2011 | ||||
2 | M. Камиловски | Електроника 2 | ФЕИТ | NULL |