Предмет: Енергетски електронски елементи
Код: 3ФЕИТ05007
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Катерина Ралева
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на овој курс, студентот ќе се здобие со сознанија за современтите енергетски електронски елементи и ќе биде оспособен за нивна примена во енергетските кола и системи. Способност да избере енергетски електронски елемент кој според електричните и термичките карактеристики најдобро ќе ги задоволи барањата на дизајнот.
Содржина на предметната програма: Трендови во развојот на енергетските електронски елементи. Споредба во дизајнот на енергетските електронски елементи и електронските елементи за мала моќност. Карактеристики на енергетските полупроводнички елементи и интегрирани компоненти: (1) енергетски MOSFET (2) биполарен транзистор со изолиран гејт – IGBT, (3) енергетски споен фет (3) статички индукционен транзистор – SIT), (4) MOS – тиристор – MCT, (5) статички-индукционен тиристор – SIThy, (6) ЕТО. Термичка анализа. Драјверски и снабер кола. Моделирање и симулација на динамичките карактеристики на енергетските електронски елементи.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | B. J. Baliga | Fundamentals of Power Semiconductor Devices | Springer Science | 2008 |
2 | N. Mohan, T. Undeland, W. Robbins | Power Electronics: Converters, Applications and Design | John Wiley and Sons | 2002 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | B. K. Bose | Modern Power Electronics: Evolution, Technology and Applications [Chapter 3: Power Semiconductor Devices and Power Integrated Circuits] | IEEE Press | 1992 |