Функции на следење и управување на дистрибутивните системи

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Функции на следење и управување на дистрибутивните системи
2. Код 4ФЕИТ09015
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Весна Борозан
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување знаења за функциите на следење и управување со дистрибутивните системи, основните технички предуслови за нивна практична примена и некои од поважните алгоритми за следење и управување со дистрибутивните системи, како и на современите концепциски решенија за управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи во услови на инсталирана информациско-комуникациска опрема и слободен пазар на електрична енергија.

11. Содржина на програмата:

1. Цели на следењето и управувањето со работата на дистрибутивните системи: Општи карактеристики на дистрибутивните системи; Потреби од следење и управување со работата на дистрибутивните системи; Потреби од влезни податоци; Систем за следење и управување на дистрибутивните системи (DMS).  2. Функции на следење и управување со дистрибутивните системи: Диспечирање со анализа на тополошката структура на мрежата и операциите на превклучување; Пресметка на текови на моќности низ мрежата (load flow); Естиматор на состојбата на мрежата; Пресметка на режими со грешка (куси врски); Реконфигурација и оптимална вклопна состојба на мрежата; Реставрација на напојувањето во мрежата; Контрола на напонскиот профил; Индикација на перформансите на мрежата; Пресметка на доверливост; Контрола и нагодување на релејната заштита; Анализа на манипулациите во мрежата под оптоварување.  3. Естимација на состојба на дистрибутивните системи: Алгоритам за проценка на тековите на моќности во дистрибутивна мрежа со минимални расположиви информации.  4. Реконфигурација на дистрибутивните мрежи: Алгоритам за реконфигурација на мрежата заради прераспределба на оптоварувањата; Алгоритам за реставрација на погонот после испад на елемент.  5. Управување со напоните и реактивните моќности: Алгоритам за интегрирано децентрализирано управување со напоните и реактивните моќности.  6. Управување со оптоварувањата во дистрибутивните системи: Карактеристики на оптоварувањата во дистрибутивните системи, Методи за управување на оптоварувањата на широката потрошувачка (Load Side Management); Управување со оптоварувањата во интелигентни дистрибутивни мрежи – концепт на виртуелна електрична централа, концепт на интеграција на електрични возила и уреди за складирање на електрична енергија.

12. Методи на учење:

Предавања со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни и самостојни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 90 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно присуство на предавањата/консултациите
20. Начин на полагање на испитот Презентација: писмена и усна
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. J. Northcote-Green, R. Wilson Control and automation of electric power distribution systems Taylor & Francis Group, LLC 2007
2. D. Popovic, D. Bekut, V. Treskanica Specijalizovani DMS algoritmi DMS Group 2004
3. V. Strezoski, D. Janjic Sistem regulacije napona radijalnih distributivnih mreza FTN u Novom Sadu, MP Stylos, Novi Sad 1996
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  T. Gonen  Electric Power Distribution System Engineering  McGraw-Hill, Inc.  1986
2.  V. Borozan  Rekonfiguracija srednjenaponskih distributivnih mreza primenom metoda estimacije i optimizacije – doktorska disertacija  ETF, Univerzitet u Beogradu  1996
3.  Друга актуелна литература од списанија и конференции