Истражувачки проект од областа на проектен менаџмент

Објавено: септември 4, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Истражувачки проект од областа на проектен менаџмент
2. Код 4ФЕИТ05
3. Студиска програма 5-ПМ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/2   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен да направи истражување за дефинирана тема од областа на проектен менаџмент, определи методологија со кои ќе ја истражува темата и да определи релевантна литература за изработка на магистерски труд.

11. Содржина на програмата:

Дефинирање на специфична тема за продлабочено истражување во теоријата и практиката на Проектниот менаџмент. Методологија за научно-истражувачка работа најсоодветна за истражуваната тема. Проучување на релевантна литература за специфичната тема и дефинирање на можностите, интензитетот и динамиката на истражувањето. Дефинирање на очекуваните резултати од истражувањето и нивна примена за развој на областа на проектниот менаџмент. Практична димензија и применливост на резултатите од истражувањето. Верификација со семинар / научно-истражувачки труд на научен или стручен собир или публикација.

12. Методи на учење:

Менторска работа преку заедничко истражување и анализа на литературата и методите за работа, како и унапредување на релевантните вештини за самостојна изработка на магистерски труд. Подготовка на семинар или стручен/научен труд.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време  0+6
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 0 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 0 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 0 часови
16.2 Самостојни задачи 0 часови
16.3 Домашно учење 180 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 0 бодови
17.3. Активност и учење 100 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Образложена пријава за магистерски труд и пишан труд од областа
20. Начин на полагање на испитот пишан труд од областа
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација