Компјутеризирани мерни системи

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Компјутеризирани мерни системи

2.    Код

3ФЕИТ03З003

3.    Студиска програма

КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Марија Чундева-Блајер

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Способност за развој и подршка на компјутерско-базирани мерни системи и пренос на мерни податоци. Дизајн и реализација на компјутерски мерно-информациски системи.

11.    Содржина на програмата: Вовед во компјутеризирани мерни системи. Конфигурации и елементи на компјутеризирани мерни системи. Прилагодување на мерни сигнали. A/D и D/A конверзија. Компјутери во мерна техника. Хардверски елементи во компјутеризирани мерни системи.  Стандардни интерфејси, сериски и паралелни. Софтвер за мерни системи. Аквизиција на податоци. Архитектура на компјутерски единици за аквизиција на податоци. Виртуелни мерни системи. Вовед во графичко програмирање и запознавање со LabVIEW. Кориснички интерфејс, запис и приказ на мерни резултати. Примери на мерно-информациски и мерно управувачки системи базирани на PC. Пренос на мерни податоци на далечина-телеметрија. Сензорски мрежи.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

510

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и вежбите

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.
Студентот треба да изработи и одбрани проектна

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ramon Pallas-Areny, John G. Webster Sensors and Signal Conditioning Wiley 2001

2

V. Drndarevic Personalni računari u sistemima merenja i upravljanja Akademska misao 2003

3

W. Nawrocki Measurement systems and sensors Artech House 2006

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Марија Чундева-Блајер Компјутеризирани мерни системи УКИМ-ФЕИТ (интерна скрипта) 2016

2

Kevin James PC Interfacing and Data Acquistion Newnes 2000