Комуникациски вештини

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Комуникациски вештини
2. Код 4ФЕИТ04Л009
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Невенка Китева Роглева
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Овој курс ќе се фокусира на стратегии за развој на писменa, вербалнa и невербалнa комуникација како и технички комуникациски вештини на студентите.
Главната цел на курсот е да ги запознае студентите со основите на деловната комуникација, да ги развие и усоврши нивните вербални комуникациски вештини, така што студентите ќе можат да ги применат во
интеракции на интервју за работното место, и на интерперсонално ниво како и во јавната комуникација.
11. Содржина на програмата: Ефективни комуникациски вештини во инженерската пракса.Права и одговорности во комуникацијата. Модел и процес на комуникација. Бариери за добра комуникација Комуникација за академски цели. Пребарување, истражување, дефинирање на цели. Веродостојност на информација. Невербалната комуникација и говор на телото Слушање и говорење. Пасивно и активно слушање. Пренесување на информација, емоции, вредности.Парафразирање и аргументирање. Типови на состаноци според целта, составот на учесниците, според начинот на одржување. Дневен ред и подготовка на состаноци. Брифинзи. Формална и неформална комуникација во проектите. Индивидуалната / тимска работа на проектни задачи. Комуникација во тимови. Мотивација и охрабрување на учесниците во тимот. Стратегии за разрешување на проблеми, компромис или win win стратегија. Интерперсонална и техничка комуникација. Презентација на проект и научен труд. Комуникација за ефективно лидерство.
Подготовка за интервју и симулација на интервју. Дебатирање.
12.Методи на учење Предавања, вежби и практична демонстрација на комуникациските и презентациските вештини од инженерски аспект.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 35
16.2. Самостојни задачи 50
16.3. Домашно учење 20
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 40
17.3. Активност и учење 30
17.4. Завршен испит 20
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Реализирање на активности од 15.1-16.3
20. Начин на полагање на испитот Домашни задачи, пишување на есеј, подготовка на презентација и презентирање, активности за време на часови. Писмен испит на крај од семестар во времетраење од 1 час.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Анкети и прашалници
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Raymond Greenlaw, Raymond Greenlaw Technical Writing, Presentational Skills, and Online Communication: Professional Tools and Insights IGI Global 2012
2 CLIFFORD A. WHITCOMB, LESLIE E. WHITCOMB Effective Interpersonal and team communication skills for engineers JohnWiley & Sons, Inc., Hoboken, New Jersey 2013