Предмет: Мерења во Интернет
Код: 3ФЕИТ10016
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Вон. проф. д-р Марко Порјазоски
Цели на предметната програма (компетенции): Кандидатите ќе бидат оспособени за дизајн и имплементација на системи за мерење и анализа на перформанси на IP базирани мрежи.
Содржина на предметната програма: Потреба од мерења во Интернет. Практични предизвици на мерењата во Интернет. Избор на физичка локација за мерењата. Мерења во јадрените мрежи. Мерења во пристапните мрежи. Мерења низ протоколните нивоа. Мерења на Интернет инфраструктурата. Томографија на Интернет. Мерења на перформансите на мрежата. Активни и пасивни алатки за мерење. Мерење на сообраќај од различни апликации: DNS, web, P2P, VoIP, IPTV. Анонимност на мерните податоци. Сигурносни аспекти на мерењата.
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Mark Crovella, Balachander Krishnamurthy | Internet Measurement: Infrastructure, Traffic and Applications | Wiley | 2006 |
2 | Stênio Fernandes | Performance Evaluation for Network Services, Systems and Protocols | Springer | 2017 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Antonio Nucci, Konstantina Papagiannaki | Measurement and Management of Large-Scale IP Networks: Bridging the Gap Between Theory and Practice | Cambridge University Press | 2008 |
2 | / | Избрани научни трудови од списанија и конференции |