Моделирање и анализа на системи за складирање енергија

Последна измена: јули 10, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Моделирање и анализа на системи за складирање енергија
2. Код 4ФЕИТ06008
3. Студиска програма 14-ЕСОР
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Владимир Ѓоргиевски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Оспособеност за евалуација на техничките и економските параметри на системи за складирање енергија. Капацитет за математичко моделирање, оптимално димензионирање и симулирање на работата на системите за складирање енергија.

11. Содржина на програмата:

1. Вовед во улогата на системи за складирање енергија во ниско-јаглеродните енергетски системи  (Преглед на електрохемиски, хемиски, механички и топлински системи за складирање енергија; Технички и економски карактеристики за системите за складирање енергија). 2. Математичко моделирање на системите за складирање енергија. (Кинетички модел, модели базиран на еквивалентен Тевененов генератор, генерички модел; Формулација на детерминистички и оптимизациски управувачки стратегии на системи за складирање енергија). 3. Димензионирање на системи за складирање енергија. (Димензионирање со помош на параметарска анализа; Димензионирање со помош на оптимизација) 4. Оптимално управување на системи за складирање енергија. (Примена кај индивидуални потрошувачи-производители, енергетски заедници, големи генератори базирани на обновливи извори на енергија и системи за централно греење)

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со слајдови, програмирање (опционално), работа на проектни задачи, одбрана на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 10 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработена проектна задача.
20. Начин на полагање на испитот Презентација и одбрана на проектна задача.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Michael Sterner, Ingo Stadler Handbook of energy storage: Demand, technologies, integration Springer 2019