1. Наслов на наставниот предмет | Моделирање, идентификација и симулација | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л009 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Физика 1 Ислушан: Теорија на системи |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Совладување на теоријата и праксата на моделирање, симулација и идентификација на динамичките системи. Способност за решавање со помош на класичните методи на многу широк опсег практични задачи и проблеми од областа на моделирањето, симулацијата и идентификацијата на динамички системи, без оглед на нивната природа; способност за користење на готови програмски пакети за симулација и идентификација на истите системи. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Моделирање: вовед, постапки за градба на модели, математички модели на динамички системи со различна природа. Лагранжова механика. Симулација на динамички системи. Ојлерови постаки, Тајлорова постапка, Рунге-Кута и Рунге-Кута Фелдберг постапки. Симулација во Матлаб пакетот Симулинк. Линеаризација на нелинеарни динамички системи. Идентификација. Идентификација во фреквенциското подрачје. Параметарска идентификација. Метод на најмали квадрати. Одредување рекурентен параметарски модел. Идентификацијата во пракса. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, како замена за завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (времетраење до 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | P.P.J. van den Bosch, A.C. van der Klauw | Modeling, Identification and Simulation of Dynamical Systems | CRC Press | 1994 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Е. Лазаревска | Решени задачи од областа моделирање, симулација и идентификација на динамички системи | ФЕИТ–Скопје | 2018 | ||||
2 | Е. Лазаревска | Лабораториски практикум по предметот моделирање, симулација и идентификација | ФЕИТ–Скопје | 2015 | ||||
3 | Е. Лазаревска | Предавања по предметот моделирање, симулација и идентификација | ФЕИТ–Скопје | 2015 |