1. Наслов на наставниот предмет | Надземни и кабелски водови | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ09З012 | |||||||
3. Студиска програма | ЕЕС,ЕЕПМ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5, IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Јорданчо Ангелов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Математика 1, Физика 1 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување знаења и познавања од областа избор, димензионирање и проектирање на надземните и кабелските елктроенегретски водови. Се изучуваат конструкцијата, изведбата и основите за проектирање на надземни водови како и избор, димензионирање и проверка на оптовареност на кабелските водови. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Област на изучување. Основни поими. Елементи на надземните водови (НВ): (спроводници и јажиња, изолатори, столбови, заземјување), нивна намена и карактеристики. Механичка пресметка: влијание на климатските фактори, температура, ветер, зимски додатни товари. Синџирница и парабола. провес, напрегање, сили. Равенка на состојбата и нејзино решавање. Критичен распон, критична температура, граничен распон, идеален распон. Основни димензии на столбовите: сигурносни растојанија, височини и оддалечености, премини и приближувања, заштитна зона. Заземјување на столбовите, типски заземјувачи. Атмосферски пренапони и заштита од нив. Проектирање и градба на надземните водови – општи принципи, избор на траса, дозволени распони, предзатегање, монтажни табели, шаблони. Компјутерски поддржано проектирање. Енергетски кабли: конструкција: улога, поделба, означување, загревање и ладење на каблите. Избор на тип и пресек – критериуми. Полoжување, спојување, завршување. Експлоатација. Нови трендови и нови технологии во кабелската техника. | ||||||||
12.Методи на учење Теоретска настава, аудиториска настава, проектна задача и изработка на домашни задачи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби. Изработка на две програмски задачи. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Писмен испит: два парцијални испита (по 120 min) или завршен писмен испит (120 min). Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Усмен испит: за студентите кои ги положиле парцијалните испити или го положиле завршниот писмен испит и ги изработиле предвидените домашни и проектни задачи, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитот е дозволено користење литературата по предметот во печатена форма. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Ристо Ачковски | Компјутерска програма и упатство за проектирање на надземни водови | ЕТФ-Скопје | 2005 | ||||
2 | Ристо Ачковски | Надземни и кабелски водови | ФЕИТ-Скопје | 2015 | ||||
3 | Ристо Ачковски | Вежби по надземни и кабелски водови | ФЕИТ-Скопје | 2015 |