Напредни стандарди за складирање и обработка на податоци

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Напредни стандарди за складирање  и обработка на податоци

Код: 3ФЕИТ07010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Даниел Денковски, Доц. д-р Христијан Ѓорески

Цели на предметната програма (компетенции): Управување, моделирање, складирање и рударење со податоците. Работа со полу-структурирани и неструктурирани бази на податоци. Работа со XML и МуSQL и алатки за конвертирање и работа со NoSQL. Работа со мултимедиски податоци.

Содржина на предметната програма: Преглед на структурираните бази на податоци, недостатоци и предности. Вовед на полу-структурирани бази на податоци и концепт на XML. Оптимална стратегија за креирање на полуструктурирани податоци и концепти на неструктурирани бази на податоци. Концепти на NoSQL наспроти SQL. Оптимизирање на складирањето на податоци и интерпретација на податоци преку податочно рударење. Начини на складирање, обработка и донесување заклучоци кај мултимедиски податоци и поврзување на истите со постоечките податоци.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Eliotte HaroldXML bible, 3rd editionJohn Wiley & Sons2004
2Ralph Stair, George ReynoldsFundamentals of information systemsCourse Technology2015
3Anand Jarajaman, Jerffrey UllmanMining of massive datasetsCambridge2011